Целосно предавање: Медведев ги објави сите 7 услови за крај на војната

од Симе Стоиков

Поранешниот претседател на Русија и актуелен заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, на Телеграм ја претстави „руската мировна формула“.

Неговиот план има седум точки, а Медведев вели дека условите се „хумани за сите“.

„Ова може да биде мека руска формула за мир. Ова е добар компромис, нели?“, вели Медведев. Ова се неговите седум услови. Ги пренесуваме како што ги формулирал самиот Медведев:

1. Украина мора да го признае воениот пораз. Неонацистичката клика мора целосно и безусловно да се предаде. Демилитаризација на Украина и забрана за создавање паравоени сили на нејзина територија во иднина.

2. Меѓународната заедница мора да го признае нацистичкиот карактер на политичкиот режим во Киев и да изврши присилна денацификација на сите државни органи под контрола на ОН.

3. ОН треба да го објават губењето на меѓународниот правен субјективитет на Украина и да ја спречат да се приклучи кон воените сојузи без согласност на Русија.

4. Сите власти во Украина мора да поднесат оставки и веднаш да се одржат избори за да се формира привремен парламент на самоуправната територија.

5. Усвојување на закон за исплата на отштети на Русија, вклучително и исплати на роднините на загинатите и исплати за штета предизвикана по здравјето на ранетите.

6. Официјално признавање дека територијата на Украина е всушност територија на Руската Федерација и усвојување на актот за повторно обединување со Русија

7. Самораспуштање на привремениот парламент. Признавање од ОН на чинот на повторното обединување

Слични содржини