Целта ни е модерна трансформација и целосна финансиска и кадровска автономија на УКИМ

од desk4
175 прегледи

За десет дена Универзитетот „Кирил и Методиј“ треба да избере нов ректор. Шест кандидати ја посакуваат оваа позиција. Меѓу нив е и актулената проректорка за финансии и развој,  проф. д-р Биљана Ангелова. Таа најавува дека една од заложбите доколу ја добие позицијата, ќе и биде да обезбеди целосна финансиска и кадровска автономија ефикасното функционирање на Универзитетот.

Таа вели дека  ќе работи за изнаоѓање на инвестиции во научноистражувачката инфраструктура и вмрежување на Универзитетот, бидејќи тие се клучни за поголема научноистражувачка продуктивност и повисок ранг на угледните светски универзитетски ранг-листи.  Според неа со овие клучни активности, УКИМ ќе се трансформира и модернизира.

„Дигиталната трансформација и управувањето со квалитет ќе бидат нови процеси. кои мора да се имплементираат за да има поволна клима за реформи во наставата, науката и во меѓународната мобилност“, вели Ангелова.

Смета дека  за да прерасне УКИМ во отворен Универзитет со европски вредности и видлив на меѓународниот високообразовен и научноистражувачки простор, потребни се подобрувања во наставата, науката, интернационализацијата и иновациите, создадени во процесот на развој и трансфер на технологии, а со тоа и развој на универзитетското претприемаштво.

„Наставата ќе се унапредува и подобрува преку воведување иновативни форми на настава и учење и модернизација и унапредување на наставните програми. Тоа значи проактивен пристап со акредитирање атрактивни програми што обезбедуваат поголема вработливост на студентите, вклучување адекватни наставни методи и акцент на практичната настава. Науката е многу важен сегмент и затоа има посебно место во мојата програма. Целта ми е да обезбедам целокупна поддршка за пристап до Европската истражувачка мрежа, што ќе доведе до поголема научна продуктивност и поголема видливост на Универзитетот“, вели Ангелова.

Ангелова, како важен сегмент ја нагласува и меѓународната соработка и интернационализацијата на Универзитетот како рефлексија условена од трендот на европеизација и глобализација.
„Предизвиците со кои се соочува Универзитетот се комплексни, но мора да се менаџираат и решаваат. Тие главно произлегуваат од ограничената автономија, пред сѐ финансиската и кадровската автономија. Тоа се два горливи проблема. Ќе се залагам овие права да ни бидат целосно обезбедени, бидејќи се едни од клучните фактори за ефикасно функционирање на Универзитетот, вели кандидатката за ректор на УКИМ, Ангелова.

Слични содржини