Неизвесно е што ќе се случува со војната во Украина и на Блискиот Исток која директно се рефлектира врз цената на нафтата. Не се знае ниту каква ќе биде жетвата во Русија и Украина и што ќе се случува со производството на жито. Но, во овој момент цената на лебот е стабилна и ќе остане иста, вели Горан Ѓорѓиевски од Агро-бизнис комората при Сојузот на стопански комори (ССК).
Тој денеска, одговорајќи на новинарски прашања, истакна дека бизнисот и натаму стои зад либералниот концепт, дека секогаш понудата и побарувачката треба да ја одредуваат конечната цена.
-Повеќе параметри влијаат на финалната цена, но во овој момент ќе има иста цена на лебот. Инаку, ние стоиме зад либералниот концепт што го заговараме, дека секогаш понудата и побарувачката треба да ја одредува конечната цена. Малку помош имаше бизнисот во изминатиот период за да се овозможи да има некоја соодветна ниска цена. Кризата која траење две години, бизнисот ја износи на свои плеќи за разлика од регионот каде другите држави имаа сериозна помош, додаде Ѓорѓиевски.
Од ССК сметаат дека утрешниот неработен ден негативно ќе се одрази на преостанатите работни денови од неделата. Според ССК, одлуката среда да биде неработен ден Владата ја донела без да се консултира со бизнис-заедницата и тоа е за да се добие поголема излезеност на деновите на изборите. За ваквата одлука, оттаму велат дека придонесува и станатите денови од неделата да бидат релативно неефикасни за фирмите.