Цената на струјата во првиот блок поевтинува за 5,16%

од Nikola Popovski
338 прегледи

Цената на електричната енергија за домаќинствата после Нова година, кај првиот тарифен блок се намалува за 5,16 проценти. Вториот блок и евтината тарифа остануваат исти, третиот блок се зголемува за 2,88%, а четвртиок блок се зголемува за 1,86%. Ова денеска го истакна директорот на РКЕ, Марко Бислимовски на прес-конференција.

Како што посочи, со воведувањето на пристап кон мрежа, се овозможи цената за мрежарина да се намали за речиси 23%.

-Сето тоа ни овозможи да донесеме цени како што објавивме пред малку. Денеска покажавме што значи воведувањето на надоместокот на пристап кон мрежа. Тоа доведе до намалување на цената во првиот блок и цената во евтината тарифа и во вториот блок да остане иста, информира Бислимовски.

-Доколку не се воведеше надоместок за пристап кон мрежа, цената на прв блок ќе се зголемеше за 3,4 %, втор блок се зголемува за 8,62%, трет блок за 9,46%, четврт блок за 4,92% и евтината тарифа за 15,42%, рече Бислимовски.

Според директорот на РКЕ, новата цена за струјата е збир од цена за енергија, плус збир и плус мрежарината.

Слични содржини