Министерот за економија, Крешник Бектеши информира дека вчера имале конструктивен состанок со увозниците на овошје и зеленчук, по што било одлучено да се направи мала корекција на цените на овие производи.
-Генералниот нашиот увоз се прави од Турција, Грција, Србија и Албанија и повикувајќи се на новите цени во Царинската управа, наредниот вторник ќе ги ревидира замрзнатите цени – ќе има многу мало намалување како највисока цена на овие производи, но никако нема да има цени од пред неколку дена кои се движеа до 130 и 140 денари, рече Бектеши на брифинг со новинарите.
Цените на овошје и зеленчук кои беа наведени во одлуката, нема да бидат повеќе од 100 денари.
-Ние нема да остапиме од вакви одлуки во време на криза. Месец април секогаш бил проблематичен во делот на цените на овошје и зеленчук затоа што немаме домашно производство. Нема да толерираме маржи од 100 и 200%, додаде Бектеши.
Одлуката на Владата стапи на сила од средата кога и максималните цени на лимоните и потрокалите се ограничи на 55 денари, кромидот и мандарините до 60 денари, патлиџанот, карфиолот и бананите се продаваат до 70 денари за килограм, краставиците и гравот до 75 денари, зелените пиперки до 90 денари и леќата чија максимална цена до 31 април е ограничена до 110 денари за килограм.