Цените на храната ќе пораснат, рече Блинкен по руското повлекување од договорот за жито

од Nikola Popovski
218 прегледи

Шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен ја оцени како „неприфатлива“ одлуката на Русија да не ја продолжи важноста на договорот за извоз на украински житарки.

Американскиот државен секретар оцени дека оваа одлука ќе доведе до зголемување на цените на храната.

Изборот на Москва да ја користи „храната како оружје ќе го отежне доаѓањето храна до местата каде што е очајно потребна и ќе ги зголеми цените, рече Блинкен.

Во меѓувреме, Обединетите нации соопштија дека во Истанбул, неколку часа пред истекот на договорот, бил прегледан и последниот товарен брод со жито од Украина.

Според договорот, бродовите со жито ги прегледуваат заедно Украина, Русија, Турција и Обединетите нации, а Русија ја гарантира безбедноста на тие бродови на коридорот низ Црното Море.

Слични содржини