Цените на нафтата пораснаа по одлуката на групата ОПЕК+

од Stefanija Kuzmanovska
192 прегледи

Цените на нафтата пораснаа вечерва за 2,0 отсто по одлуката на групата ОПЕК + да остане со намалување на производството пред ценовните ограничувања и забраната за увоз на руска нафта по морски пат во Европската унија.

Во исто време, имаше позитивни знаци за побарувачката на гориво бидејќи повеќе кинески градови ги олеснија ковид-ограничувањата во текот на викендот, но олеснувањето од град по град на тие мерки поттикна конфузија низ целата земја.

Суровата нафта од типот „брент“ за испорака следниот месец (фјучерс договори) продолжи со растот и утринава на азиските берзи се тргуваше во пораст за 72 центи, или 0,8 отсто, на 86,29 долари за барел.

Цените на фјучерсите на американската сурова нафта WTI се зголемија за 70 центи, или 0,9 отсто, на 80,68 долари за барел.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници, вклучително и Русија, група наречена ОПЕК +, се согласија во неделата да се држат до нивниот октомвриски план за намалување на производството за 2,0 милиони барели дневно (bpd) до 2023 година.

Слични содржини