Цените на угостителските услуги поскапи за 13% во однос на лани

од Nikola Popovski
297 прегледи

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во мај 2023 година, во споредба со април 2023 година, е зголемен за 1.2 %.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите храна за 0.7 %, алкохолни пијалаци за 0.1 %, безалкохолни пијалаци за 0.9 % и ноќевања за 3.7 %.

Индексот на цените на угостителските услуги во мај 2023 година, во однос на истиот месец од претходната година, е
зголемен за 13.4 %.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари − мај 2023 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 13.5 %, додека во однос на декември 2022 година е зголемен за 2.3 %.

Слични содржини