239
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во јануари 2023 година, во споредба со декември 2022 година, е зголемен за 0.7 %. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.9 %, Алкохолни пијалаци за 0.7 %, Безалкохолни пијалаци за 0.3 % и Ноќевања за 0.2 %.
Индексот на цените на угостителските услуги во јануари 2023 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 14.8 %.