Цените на златото се искачија на ново највисоко ниво, пазарите ги чекаат царините на Трамп

од Vladimir Zorba
29 прегледи

Цените на златото се зголемија денеска на ново највисоко ниво од 3.128,06 долари за унца, бидејќи светот чека нова рунда американски царини, вклучително и тарифи од 25 отсто за сите автомобили произведени надвор од Соединетите држави, што ќе стапи на сила на 2 април.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го прогласи 2 април за „Ден на ослободувањето“, а се очекува дека американскиот претседател ќе ја искористи оваа можност да го објави својот план за реципрочни царини.

Цените на златото се зголемија за 18 отсто само од почетокот на 2025 година и се очекува тие да продолжат да растат, пренесува Ројтерс.

Слични содржини