Цените од 1. август се репер за поевтинувањето на 50 основни производи

од Nikola Popovski
293 прегледи

Покачувањето на цените најмногу се случува после 1-ви август, затоа ова го зедовме како репер, информира денеска претседателот на Владата, Димитар Ковачевски околу најавеното поевтинување на повеќе од 50 основни прехранбени производи во државата за 10%, кое треба да се случи од среда.

Како што додаде премиерот, тоа не значи дека нема да бидат земени во анализата и цените од месец јули.

Анализата се прави, сметам дека до крајот на викендов ќе биде завршена. Најважно е дека се носи мерка со која ќе се прекинат можностите за манипулација кои беа правени, како и дека нема да биде земена како рефрентна цената денес, туку цената што се наоѓа во период зад нас, потенцира Ковачевски.

Владата вчера одлучи да забрани „акции“ и „промоции“ на храна и земјоделски производи во трговијата на мало до 30-ти ноември.

Како што се наведува во соопштението, ваквата одлука е донесена со цел да се заштитат граѓаните од манипулации со цените, а алкохолните и безалкохолните пијалоци се изземени од забраната кога ќе се пуштат во промет.

Исто така најавено е дека со новото законско решение во Законот за неправедна трговска пракса ќе се укинат 20% од даноците во трговскиот синџир.

Слични содржини