Цените во кафулињата и кафеаните лани поскапеле за 9,8%

од Nikola Popovski
303 прегледи

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во декември 2023 година, во споредба со ноември 2023 година, е зголемен за 0.5 %. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Храна за 0.5 % и Алкохолни пијалаци за 1.4 %.

Индексот на цените на угостителските услуги во декември 2023 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 6.5 %.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – декември 2023 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 9.8%, додека во однос на декември 2022 година, е зголемен за 4.3 %.

Слични содржини