Центар за македонски јазик: Во 1939 година Јане Митрин повикан на распит за говорење македонски јазик

од Vladimir Zorba
122 прегледи

Невладината организација Центар за македонски јазик денеска објави примерок од покана за распит од 1939 година во Лерин поради зборување македонски јазик.

-Работи кои денес можеби ви изгледаат чудни, но само неколку децении наназад, говорителите на македонскиот јазик во Грција се влечкаа по судовите само бидејќи се осмелуваа да прозборат на нивниот мајчин македонски јазик.

Пример од селото Нерет, Леринско (Полипотамос, Флорина), каде во 1939 година, јавниот обвинител од Като Идруса (Долно Котори) го покани Јане Митрин за распит и потоа за судење, бидејќи тој прозбори јавно на „јазик неразбирлив од сите (словенски)“.

Чудно обвинение. Чуден и фактот околу разбирливоста на јазикот од сите, бидејќи селото Нерет беше и е македонско говорно село во целост и зборовите на Митрин ги имаа разбрано сите, велат од Центарот за македонски јазик.

Слични содржини