Пробиена е анкетата направена од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Во изминатиот период, членови на ОК ВМРО-ДПМНЕ користејќи филтриран избирачки список само на млади лица на територијата на општина Центар, вршеле анкета поставувајќи го прашањето: „дали на наредните избори би го дале вашиот глас за ВМРО-ДПМНЕ доколку партијата со сигурност ви гарантира дека по изборите би ве вработила?“, пишува Центарњуз.
Овие листи на кои се обработени податоците преку поминување на целиот терен во општина Центар ни се доставени од страна на револтираното членство на ВМРО-ДПМНЕ при Општинскиот Комитет Центар.
Станува збор за предмет кој содржи преку 500 страни материјали за лицата под 30 години кои живеат и го остваруваат својот глас во Центар и се невработени. На самите материјали до сите лични податоци на младите гласачи постои и забелешки за одговорот на субјектите, а доколку за некој од субјектите постои информација или барем допрен глас за негово/нејзино членство во политичка партија, истото стои како забелешка.
Со овој чин се вршат повреди на Законот за заштита на лични податоци, односно деловите кои се однесуваат на:
– Чл. 6 со кој се забранува обработка на податоците без согласност на субјектите чии податоци се обработуваат
– Чл. 8 со кој строго се забранува обработка на посебни лични податоци меѓу кои е и политичката определеност
– Чл. 10 кој забранува обработка на лични податоци без субјектите да бидат информирани за прибирањето на личните податоци
Ова не е првпат ВМРО-ДПМНЕ да бидат вклучени во вакви активности. Непосредно пред сите избори во текот на овие девет години додека се на власт одат од врата на врата и ветуваат вработувања, субвенции и финансиска помош од секаков вид во замена за гласови.
Целиот текст прочитајте го на Центарњуз на следниот линк.