411
Поради одржување на два најавени протеста, утре во периодот од 11:00 до 14:30 часот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на централното подрачје на градот, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од МВР апелираат да се почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде ќе се одвиваат протестите.