Централен регистар има нова директорка

од Nikola Popovski
94 прегледи

Анита Стамнова е назначена за вршител на должност директор на Централен регистар на местото на претходната раководителка, Марија Бошковска-Јанковски.

Информациите се дека Стамнова е поранешна соработничка на премиерот Христијан Мицковски од времето кога тој беше генерален директор на АД ЕСМ, поранешен ЕЛЕМ. Стамнова порано била заменик-директорка на Државниот завод за статистика, а претходно раководителка на одделението за буџетска координација и буџетска контрола на Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати.

Таа досега беше член на кабинетот на министерката за финансии Гордана Кочоска Димитриеска.

Слични содржини