На синоќешната седница на Централниот одбор на ДОМ беше одлучено партијата да ја напушти владејачката коалиција.
„Од сега ДОМ ќе делува независно и конструктивно“, стои во нивното соопштение.
По објавувањето на прислушуваните разговори од страна на лидерот на опозицијата Зоран Заев, ДОМ искажа јавна осуда и претседателката на ДОМ и пратеничка, Лилјана Поповска, изјави дека единствено решение за длабоката политичка криза се преодна влада и избори.
Излегувањето на ДОМ од коалицијата, партијата го смета за чекор за олеснување на тензичната ситуација на политичката сцена.