Словенечкиот премиер Миро Церар денеска соопшти дека упатил писмо до лидерите на земјите-членки на ЕУ во врска со мигрантска криза, во кое предлага заедничка европска заштита на надворешните граници на Унијата и поголема помош за Македонија во нејзините напори за справување со приливот на бегалци. 
– Ги повикувам колегите од другите членки на ЕУ да најдеме заедничко европско решение за бегалската и мигрантска криза, но тоа да не биде само вербално решение, бидејќи пред Европа чекаат милиони имигранти, изјави Церар на прес-конференција во Љубљана, додавајќи дека не станува збор само за беглаци од Сирија, туку и за економкси имигранти од Авганистан, Ирак и Северна Африка.
Церар нагласи дека е потребно воспоставување на поголема контрола на надворешните граници на ЕУ, односно на грчко-турската граница, но и на македонско-грчката граница, па затоа и предлага на ЕУ да и помогне на Владата на Македонија во справувањето со овој проблем.
– Подобрата контрола на миграцискиот бран на границите на Македонија и Грција би ја намалила дополнителната илегална имиграција, но и би спречила потенцијални конфликти меѓу земјите во регионот, потеницра Церар.
Според Церар, по ограничувањата за прием на бегалци од страна на Германија и Австрија, таква мерка ќе преземе и Словенија, што би можело да предизвика домино ефект, кој би ја влошил безбедносната состојба на Балканот.
– Со заеднички европски напори потребно е запирање на приливот на имигранти на мекедонско-грчката граница. Затоа барам заедничко европско решение…, со цел Словенија да не се претвори во џеб во кој ќе са задржат бегалците, истакна Церар, додавајќи дека претстојнава пролет би можело да се очекува неконтролиран прилив на милиони бегалци кон Европа./MIA