Чаби Алонсо ја презема тренерската функција на Баерн

од Aleksandar Petrovski
321 прегледи

Баерн во јануари ќе добие нов тренер, а тоа според најновите информации ќе биде нивниот поранешен играч Чаби Алонсо.

Ханс Флик ја доби довербата на клубот и тој ќе ја води екипата до крај на есента, но „баварците“ ќе бараат решение за време на зимската пауза.

Венгер и Мурињо очигледно не се опција, така што остана само Ерик Тен Хаг, но и тој не сака да го напушти Ајакс до крајот на сезоната.
Баерн бара свежо лице, а германските медиуми тврдат дека Чаби Алонсо би можел да биде првата опција.

Тој е споменуван како наследник на Зидан, само што ја почна тренерската кариера во Сосиедад како шеф на вториот тим, но секогаш покажувал тендеции да биде тренер.

Во Баерн ја заврши кариерата, и би бил дочекан како херој. Го познава тимот, како играч беше голем авторитет, па иако нема тренерско искуство во Баерн сметаат дека со Чаби Алонсо би добиле решение за долг период.