Чачарова Илиевска: Интерпелацијата зборува за колективна одговорност на Судскиот совет, но мора да биде индивидуална

од Nikola Popovski
56 прегледи

Членката на Судски совет, Тања Чачарова Илиевска соопшти дека синоќа ја добила поднесената интерпелација за нејзино разрешување. За став рече дека засега не е спремна да зборува, бидејќи, како што вели, сметам дека треба добро да се изнанализираат наводите во интерпелацијата.

-Она што ми падна во очи е дека тоа не е интерпелација за членот Тања Чачарова Илиевска туку упатува за интерпелација на Судскиот совет. Се зборува за колективна одговорност. Одговорноста мора да биде индивидуална и покрај тоа што Судскиот совет е колективно тело. Ние сите гласаме со својот глас за една одлука и во зависност од тоа, се носи одлуката со мнозинството на гласови. Сметам дека треба добро да ја изнанализирам интерпелацијата. Дури тогаш ќе имам став по однос на прашањето за оставка, кажа Илиевска во изјава за медиумите.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најави поднесување на иницијатива за изгласување недоверба на членовите на Судскиот совет избрани од Собранието. Премиерот Христијан Мицкоски изрази надеж дека доколку парламентарците изгласаат недоверба или интерпелација на членовите на Судскиот совет, дека тие истите ќе бидат доблесни и ќе се повлечат. Премиерот смета дека е потребно формирање на нов Судски совет, кој ќе биде независен и без партиски влијанија.

Опозицијата пак го оцени овој предлог како можност за партизација на Советот од страна на власта, а СДСМ побара темелни реформи во правосудството со консензус на сите партии.

Покрај Чачарова Илиевска, интерпелацијата е насочена кон членовите Миљазим Мустафа, Павлина Црвенковска, Весна Дамева и Селим Адеми.

Слични содржини