Членката на Судскиот совет, Тања Чачарова-Илиевска нема да присуствува на собраниската седница по прашањето за интерпелациите. Нејзиниот став е и тврди дека е во право дека „интерпелација на член на Судскиот совет е недозволен акт и противуставен“.
Вели во интерпелацијата, подносителите на истата се повикуваат на нивното загрантивно уставно право да поднесуваат, меѓутоа одредбата од Членот 68 од Уставот, став 1, има поинакво уставно решение – таму стои дека интерпелација може да биде поднесена спрема секој носител на јавна функција кој што одговара пред Собранието.
Илиевска истакнува дека интерпелацијата кон членовите на СС кои се избрани од Собранието е недозволена. Тоа според неа е преседан во досегашната парламентарна демократија на Македонија. Досега ниту еднаш не се случило Собрание да поднесе интерпелација на член на СС.
-Уставот посветил доволно одредби и точно уредени се клучните прашања што се однесуваат за Судскиот совет. Пратениците за жал немаат уставно право на ваков чин. Со тоа што е поднесена интерпелација само за петте членови не е само повредена само една од темелните вредности на уставниот поредок туку е повредено и основното начело на еднаквост на членовите на СС. Се прави дискриминација на членовите што е недозволиво. Пратениците треба исто така да ги почитуваат Уставот, законите и меѓународните договори, рече судијката во изјава за медиумите.