Чад и неподнослива смрдеа, животот во Скопје како апокалиптична сцена

од Milan1
48 прегледи

Пожарите во околината на Скопје а особено денешниот на дивата депонија во Визбегово го направија животот во градот неподнослив. Речиси целиот град е обвиен во чад и неподнослива смрдеа а жителите коментираат дека Скопје моментално наликува на сцена од апокалиптичен филм.

По пожарот во дивата депонија со отпад во близина на селото Визбегово, почна да се чири црн чад и непријатен мирис. Граѓаните се пожалија дека истата депонија гори по 100 пати во годината. Предупредуваат дека ова е еколошка катастрофа и побараа одговорност и апсење на лицата што го предизвикале пожарот.

Полицијата подоцна го приведе сопственикот на депонијата. Во моментот на приведување, сопственикот дал отпор на полицијата по што настана и физичка пресметка.

Нападната била и телевизиска екипа која прва пристигнала на местото на настанот.

Слични содржини