Чад и пепел над Акропол, ограничени се посетите на туристите

од Nikola Popovski
250 прегледи

Пожарите што стигнаа до предградијата на Атина го зафатија симболот не само на грчката престолнина, туку и на целиот свет, Акрополот. Поради високите температури, кои не се паметат во последните 30 години, грчките власти одлучија да ги ограничат посетите на Акропол, кој инаку беше отворен за туристи секој ден од 8 до 20 часот.

Поради големите пожари, посетителите нема да можат да се приближат до големиот историски споменик, во најтоплиот дел од денот, од 12 до 17 часот.

Акропол е најважната туристичка атракција во Атина, која привлекува голем број туристи секоја година. Најзначајните елементи беа изградени во текот на неколку децении во периодот на Перикле, во петтиот век пред нашата ера.

Иако со векови го издржа тестот на времето, ги надмина војните и природните катастрофи, Акрополот остана без многу украси низ историјата, како што е статуата на божицата Атина висока дванаесет метри.

Статуата ја симболизира моќта на атинскиот полис.

Слични содржини