Чагоровска: Засега вакцинирањето на странски државјани не е дефинирано, може да се вклучат и приватните здравствени установи

од Nikola Popovski
238 прегледи

„Пријавувањето и вакцинацијата на странски државјани во земјава не е дефинирана како ќе се одвива. Националната група ги разгледува сите прашања околу ова“, изјави Жаклина Чагоровска од Националниот електронски систем – „Мој термин“.

Според неа, не е проблем тие да се пријават, но овој електронски начин ги поврзува граѓаните со матичните лекари.

„Странските држави немаат матичен лекар, а нивното вакцинирање најверојатно ќе оди со директно закажување“, вели таа.

Според пресметките, Чагоровска изјави дека засега моменталните капацитети за вакцинација се доволни, а доколку се направи потреба и пристигнат нови количини вакцини, се разгледува и да се вклучат Центрите за јавно здравје во вакцинацијата, но и приватните здравствени установи.