Чаир се збратимува со Прешево

од Nikola Popovski
261 прегледи

Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу денес бил домаќин на градоначалничката на Прешево г-ѓа Ардита Синани и претседателот на Собранието на Прешево г-дин Сами Салиху со кого разговараа за многу прашања што се од заеднички интерес за двете општини, Чаир и Прешево како и за благосостојбата на жителите што живеат во нив.

Ганиу потенцирал дека ја информирал г-ѓа Синани дека значителен број жители на Општина Чаир имаат потекло од Прешево и нејзиниот регион, но исто така и дека тие имаат семејства таму и продолжуваат да ги одржуваат тие семејни врски.

„Следствено, се согласивме со г-ѓа Ардита Синани дека двете општини Чаир и Прешево, да ги започнат постапките за збратимување, така што ќе ги приближиме нивните жители уште поблизу едни до други, но исто така и нашите две институции ќе можат да соработуваат во многу области кои директно би влијаеле на локалниот економски развој“, изјавил Ганиу.

Слични содржини