Чакулев од „О2 Иницијатива“: Ниту една општина не го исполнува стандардот за зелена површина по жител

од Марта Пешевска
39 прегледи

Иако Генералниот урбанистички план е донесен пред последните законски измени, новите Детални урбанистички планови (ДУП-ови) мора да ги почитуваат новите стандарди, предупреди Татјана Чакулев од „О2 Иницијатива“ во емисијата „Топ Тема“ на Телма. Таа нагласи дека измените во Законот за урбанистичко планирање беа направени токму за да се спречат злоупотребите, особено околу обврската за минимум 20% зелена површина во урбанистичките планови.

Чакулев истакна дека многу општини и понатаму ги донесуваат урбанистичките планови без да ги имаат сите неопходни информации, што е последица од тоа што новиот Закон за просторно планирање сè уште не е донесен. Таа потсети дека ниту една урбана општина во земјата не го исполнува стандардот од 25 квадратни метри зелена површина по жител.

Во истата емисија гостуваше и градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, кој зборуваше за досегашните вложувања во зелени површини и спортски терени. Тој изјави дека за време на својот мандат, општината инвестирала околу 150 милиони денари во уредување на 70.000 м² ново зеленило, како и изградба на 20 спортски терени и неколку нови паркови.

Слични содржини