Чан Чан -најголемиот град од глина во светот

од Vladimir Zorba
117 прегледи

Чан Чан се наоѓа во близина на пацифичкото крајбрежје во регионот на Ла Либертад , Перу .53e5a1cb4863c73e8aa7b16e5433a999

Некогаш, пред Колумбо да ја открие Јужна Америка, градот бил најголемиот на целиот континент.

Денес Чан Чан исто така може да се пофали со “почести” – тој продолжува на биде најголемиот град, само од глина и тоа во целиот свет!

Пред многу, многу години Чан Чан бил престолнина на цивилицазиjaта Чиму . Тој е изграден околу 850 година и постоел до освојувањеto од империјата на Инките во 1470 година. Во најдобрите години, за време на Чиму, глинeниот град се протегал на 20 квадратни километри и во него живееле околу 60 000 луѓе .

Во Чан Чан имало девет големи правоаголни тврдини , опкружени со густи глинени ѕидови – високи меѓу 10 и 20 метри. Помеѓу нив се криеле илјадници згради, вклучувајќи храмови, домови, магацини и погребални платформи .Често на ѕидовите на зградите можат да се видат врежани гравури, претставувајќи апстрактни мотиви и животни.

Надвор од овие девет тврдини се наоѓаат четири сектори , во кои се работело ( ткаење, обработка на злато и сребро ). За жал, Чан Чан бил лишен од благородни метали, благодарение на шпанските ловци на богатство кои го ограбиле градот уште во 16 век.

Фото: tripscout.net

Невообичаениот град е создаден во една од најмрачните крајбрежни пустини во светот , каде што просечната годишна сума на врнежи е исклучително мала. Поради сувиот пустински воздух, глинената структура на Чан Чан се задржала и до денес.

Иронично сепак, климатските промени се закануваат за постоењето на античкиот град, бидејќи во последно време поројните дождови во реонот се вообичаени.2b1774ecc2e9579bf2ea447fadc72b38 f78b70441aeb9d14c6fc3be3cb0d7416 7038396e83ac199546739272ebbf3308 f42b5c7ef42fc541152db53407d1fae3 5cde6319cfdcb27b0f7b2ddef4b94cc2 cde6d0e429e17fba9f2a6e97d0f7f415 e6554a76fd7df3a1b60748cde8f386b6 5cde6319cfdcb27b0f7b2ddef4b94cc2