Мартин Шин, 80-годишен актер, се појави во емисија во која зборуваше за закрепнувањето на неговиот син Чарли од алкохол и дрога.
„Јас го обожавам“, рече актерот за неговиот син. „Отсекогаш го обожував. Неговото закрепнување и живот се чудо и тој е извонреден човек“, рече Шин.
Тој додаде дека е исклучително горд на неговиот син и неговиот напредок.
„Поминавме низ многу тешки периоди додека тој беше на лекување. Тој се врати – благодарам на небото – и тој е здрав и сега работи на книга“, рече тој.
Мартин рече дека Чарли (55) работел на неговата „автобиографија и е многу возбуден поради тоа“.
„Тој сега е многу поврзан со семејството, децата и внуците“, додаде Мартин.
Во 2016 година, Чарли Шин се отвори на др. Мехмет Оз за алкохолизмот и злоупотребата на дрога и дека бил трезен 11 години се додека не открил дека е ХИВ позитивен.
„Требаше да ја задушам вознемиреноста, размислував како ќе изгледа мојот живот со оваа дијагноза и кога се онесвестив од алкохол и дрога, не размислував за тоа“, рече тогаш Чарли и додаде: „Тоа беше единствената алатка што ја имав во тоа време, па верував дека ќе ја ублажи вознемиреноста. Имаше многу од тој страв и работите само се влошија“.
Поранешната starвезда на „Два и пол мажи“ прослави година на трезвеност во 2018 година, а следната година рече дека е „горд што конечно бил доследен, сигурен и благороден“.