Чарли Шин откри кој момент бил пресуден за да замине на одвикнување од алкохол

од Stefanija Kuzmanovska

Актерот Чарли Шин отсекогаш бил познат како „лошо момче“ кој имал проблеми со дрогата и алкохолот, поради што често страдаше неговиот деловен и приватен живот.

Меѓутоа, во еден момент одлучил да ги промени навиките и следниот месец ќе навршат шест години откако е трезен. Тој сега, како што самиот признава, е целосно посветен на одгледувањето на четиринаесетгодишните близнаци Макс и Боб, кои ги доби со Брук Милер, која и самата се справуваше со зависност.

„Сега се будам рано, околу 4:30 или пет наутро, одам да земам весник, вежбам, одговарам на мејлови. Потоа ги будам децата и им помагам со нивната утринска рутина, ако можете да ја наречете рутина“, изјави тој за People.

Шин откри и што го натерало да размисли и да одлучи да оди на одвикнување од алкохол. Како што рекол, сето тоа се случило едно утро во 2017 година, кога требало да ја однесе ќерката Сем, која ја доби во бракот со Дениз Ричардс, на некоја средба.

„Сакав да пијам наутро, сакав виски во кафето. Едно утро заборавив дека ќерка ми имаше закажано средба на која ѝ ветив дека ќе ја однесам, па морав да му се јавам на мојот пријател Тони да нè однесе. Ја однесовме таму на време, но ми го скрши срцето бидејќи беше на задното седиште и можев само да ја замислам како размислува: ‘Зошто тато не вози?’. Стигнав дома потоа и седев со тие мисли до крајот на денот. И следното утро едноставно престанав“, искрено изјавил актерот.

Слични содржини