Чарлс III беше крунисан за крал за време на церемонијата во палатата Сент Џејмс.
Чарлс стана крал веднаш по смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора, а неговата улога беше официјално потврдена на историскиот состанок во саботата.
За време на состанокот на Советот за пристапување, кралот одобрил денот на погребот на кралицата Елизабета Втора да стане државен празник.
Ова е првпат историската церемонија да се емитува на телевизија.
Пристапниот совет, составен од високи политичари, судии и функционери, го прогласи за монарх.
Самиот крал не беше присутен на почетокот, но присуствуваше на вториот дел од церемонијата за одржување на првиот состанок на Приватниот совет, група високи претставници кои го советуваат монархот.
Ричард Тилбрук, службеник на Тајниот совет, го прогласил Чарлс за „Крал, шеф на Комонвелтот, бранител на верата“, пред да каже „Боже чувај го кралот“.
Присутните во преполната соба, вклучително и сопругата на кралот, принцот од Велс и премиерката Лиз Трас, ги повторија овие зборови.
За време на обраќањето, кралот рече дека е негова „најтажна должност“ да ја објави смртта на неговата мајка.
„Знам колку вие, целата нација, а мислам дека можам да кажам и целиот свет, сочувствувате со мене поради непоправливата загуба што ја претрпевме. Најмногу ме теши сочувството што многумина го покажуваат кон мојата сестра и браќата“, рекол кралот Чарлс Трети.
На церемонијата присуствуваа 200 членови на Приватниот совет.
Меѓу нив се и поранешните премиери Борис Џонсон, Тереза Меј, Дејвид Камерон, Гордон Браун, Тони Блер и Џон Мејџор.
Кралот Чарлс III одлучи да дозволи пристап до телевизиските камери за прв пат за време на Советот за пристапување, за јавноста да може да ги види постапките.