Час по фудбал за „кралскиот клуб“ на „Стенфорд бриџ“

од Vladimir Zorba

Фудбалерите на Челси се вторите финалисти во Лигата на шампионите откако во реваншот од полуфиналето го совладаа Реал Мадрид со 2:0 (1:0).

Бидејќи во првиот натпревар беше 1:1 во Мадрид, тие си закажаа средба со Манчестер Сити во Истанбул на 29 мај по вкупни 3:1.

Повторно ќе гледаме два тима од Премиер лигата во борбата за пехарот, во кој Челси ќе игра за својот втор, а Сити за првиот трофеј на европскиот шампион во историјата.

Томас Тухел ќе стане првиот тренер кој играл во две последователни финалиња во елитното натпреварување со две различни екипи, бидејќи тој беше таму со Пари Сен Жермен минатата сезона.

Слични содржини