Часови пред официјалната промоција на новиот iPhone Xs, негови фотографии се најдоа во кинеската социјална мрежа Weibo.

Како што може да се види од фотографиите, немаме причина да веруваме дека се нелегитимни, откако дизајнот на iPhone Xs е идентичен со оној на неговиот претходник. Големите промени се чини дека се внатре – 7-нанометарски процесор, подобрена камера, подобра идентификација на лице и други надградби во однос на успешниот минатогодишен модел.
Меѓународниот настан на Apple започнува во 19:00 по наше време и може да го следите од било кој Mac или iOS уред. Ако го пропуштите, не е страшно – ние ќе се оссигураме да бидете добро информирани за тоа што се случило!
Освен трите нови модели на iPhone, очекуваме нов iPad Pro, нов MacBook, Apple Watch 4 и можеби нов Mac Mini.
Претстои интересна вечер!