Чави: Барселона го достигна нивото што го посакував

од Vladimir Zorba
384 прегледи

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, смета дека последниот натпревар на тимот – против Атлетико Мадрид, бил најдобриот досега. „Блаугранас“ на својот стадион победија со 4:2.

„Во овој натпревар стигнавме до нивото што го посакувам“, гордо изјави тренерот. „Стана јасно дека и по исфрлањето на нашиот фудбалер (Даниел Алвеш) продолживме да напаѓаме“.

Каталонците се веќе четврти во поредокот, а разликата со третиот е само 2 бода.

„Сакаме да продолжиме да се искачуваме на табелата. За таа цел, ние сè уште мора да даваме се од себе. Ситуацијата е добра кај нас, има подобрување, но нема да почнеме да се удираме во градите“, додаде Чави.

Тој уште еднаш објасни дека во иднина ќе се потпира на Усман Дембеле.

„Усман е еден од сите и ова прашање за мене е завршено. Дури планирав да го пуштам против Атлетико, но околностите се променија поради црвениот картон. Дембеле ќе ни помогне многу, јас ќе одлучам кога ќе се потпирам на него“, прокоментира тренерот.

Чави разговараше и на тема која не е предмет на дискусија во последните години: кој треба да шутира пенали и директни слободни удари.

„Меси монополизираше се. Тимот има и други добри изведувачи на пенали како Серхио Бускетс, Жерар Пике, Ерик Гарсија, Мемфис Депај, а сега и Пјер-Емерик Обамејанг. Денеска на тренингот работевме на фаули. Бев изненаден од способностите на момчињата. До неговиот 21 роденден, Меси никогаш не изведуваше фаули. Тито Виланова го наговори да го направи тоа. Да, во моментов немаме мајстори како него, но сепак имаме добри“, објасни тренерот.

Слични содржини