Чави го брани Тер Штеген: „Еден од најдобрите, но мора подобро“

од Vladimir Zorba
297 прегледи

Барселона е далеку од задоволителна форма, а играчот кој е изложен на најголеми критики е голманот Марк-Андре тер Штеген.

Тер Штеген „киксна“ на последниот натпревар против Елче, што на навивачите на Блауграна им даде причина за зголемени критики. На страната на германскиот голман застана и Чави Ернандез, тренерот на германскиот голман.

Иако по несмасната реакција на Тер Штеген Елче израмни, Барселона сепак успеа да победи со 3:2 и да дојде до три бода.

„За нас Тер Штеген е од фундаментално значење. Неговата посветеност на овој тим е исклучителна. Понекогаш прави грешки и знае дека треба да поправи некои аспекти, но начинот на кој игра со нозете е навистина одличен“, изјави Чави за својот голман.

„Нема дискусија – тој е еден од најдобрите голмани во светот, но исто така е јасно дека треба да се подобри“, изјави еден од најдобрите играчи од средниот ред во историјата на фудбалот.

Марк-Андре тер Штеген (29) е играч на Барселона од 2014 година, кога тимот од стадионот „Камп Ноу“ се засили по неговото доаѓање од Борусија Менхенгладбах.

Барса моментално е на седмото место на табелата во Примера со 27 бодови од 17 натпревари, а лидерот на табелата и најголем ривал Реал Мадрид има 15 бодови повеќе.

Во следното коло екипата од стадионот „Камп Ноу“ гостува кај второпласираната Севиља.

Слични содржини