Тренерот на Барселона, Чави Ернандез ја презеде задачата да го убеди крилниот напаѓач Усман Дембеле да потпише нов договор со клубот. Актуелниот договор на Французинот истекува за неколку дена и тој ќе стане слободен агент. Сепак, тренерот верува дека може да го убеди да остане на „Камп Ноу“, пишува „Гол“.
На Чави многу му се допаѓаат квалитетите на Дембеле и му порача дека ќе има важна улога во тимот во новата сезона доколку реши повторно да потпише. Подготвен е да му даде повеќе шанси за настап, особено по силните игри кои играчот ги прикажа во пролетната полусезона.
Не недостига интерес за 25-годишниот фудбалер, откако со најголеми апетити се Челси и Пари Сен Жермен. Во оваа фаза, сепак, се уште нема добиено подобра понуда од онаа што му ја понудија газдите на Барса, па се поизвесно е дека ќе се согласи да остане на „Камп Ноу“.