Чави Ернандез, новиот тренер на Барселона, нема да има голем буџет за засилувања во зимскиот преоден рок.
Барселона, која е во финансиска криза, нема да може да му обезбеди повеќе од десет милиони евра за нови играчи, пренесуваат медиумите во Шпанија.
Неодамна извршниот директор на Барселона, Феран Ревертер, изјави дека клубот ќе обезбеди 20 милиони евра, со оглед на 97-те милиони евра, колку што е границата за трошење во Примера, но оттогаш околностите се сменија.
Ансу Фати и Педри добија нови договори со што се намали буџетот на клубот.
Чави како приоритетна позиција за засилување ја означи напаѓачката, односно фудбалер кој може да игра и на крилната позиција.
Тој ќе има тешка задача да го врати тимот на врвот, откако по 12 одиграни кола во моментов се наоѓа на деветтата позиција.
Чави ќе има можност да дебитира на клупата на „блауграна“ на 20 ноември во градското дерби со Еспањол.