По веста дека Чави Ернандез, новиот тренер на Барселона, има намера да го ангажира познатиот десен бек Дани Алвеш за да му помогне на тимот, се појавија и информации дека сака да го врати и Карлес Пујол (43), легендарниот капитен на клубот.
Чави, наводно, побарал од својот поранешен соиграч да дојде и да го замени Рамон Планес, техничкиот секретар на клубот кој наводно најавил заминување, иако има уште две години од договорот.
Човекот кој ги донесе Педри и Роналдо Араухо и кој исто така го „турна“ Габи кон првиот тим има желба да го напушти Ноу Камп, а Чави и спортскиот директор Матеу Алемани имаат задача да најдат негова замена.
Ако е Пујол, сигурно ќе внесе дополнителна енергија за „рестартирањето“ на заспнатиот гигант под клупската легенда.
Нема сомнеж дека Барселона се враќа на старите патеки …