Тренерот на Барселона, Чави Ернандез го коментираше поразот од Ајнтрахт (Франкфурт) со 2:3, кој доведе до елиминација на тимот во четврт-финалето на Лига Европа.
„Покажавме херојска игра, но тоа не беше доволно. Заостанавме со 0:3 и на крајот успеавме да му се доближиме на противникот на само еден гол. Генерално не одигравме добро, не делувавме како што треба во нападот. На европските турнири скапо ги плаќате своите грешки. Сега ќе се фокусираме на нашиот настап во Ла Лига“, изјави Чави.
„Дадовме се од себе за да победиме. Овој резултат не е неуспех, но разочарувањето е големо. Сега нашата цел е да се пласираме во Лигата на шампионите“, додаде тренерот на Каталонците.
Своите ставови за натпреварот ги сподели и Жорди Кројф, спортски советник на претседателот на Барса, Жоан Лапорте.
„Беше многу тежок натпревар. На европските турнири ретко даваат пенали како оној за Ајнтрахт на почетокот. Германците одиграа многу компактно и дисциплинирано“, сподели синот на легендата Јохан Кројф.