ЧАВИ ПО ОТКАЗОТ: Со чиста совест заминувам од Барса

од Nikola Popovski

Тренер на Барселона, Чави Ернандез изјави дека со чиста совест го напушта клубот, ден по објавувањето на отказот од функцијата.

„Мојот совест е чиста. Општо земено, среќен сум, направивме добра работа дури иако не ги остваривме целите оваа година. Задоволен сум и благодарен“, рекол Чави на прес-конференцијата, пред последниот меч на клупата на Барселона против Севиља.

Претседателот на клубот Жоан Лапорта вчера го известил Чави дека нема да биде тренер во наредната сезона.

Чави изјавил дека е „горд на сработеното“ и покрај празната и генерално разочарувачка сезона, иако „не беше лесно поради ситуацијата во која се наоѓа клубот“, со оглед на тоа што финансиски се уште е во минус.

Тој повторил дека е благодарен на Лапорта и на бордот што му ја дале шансата да го тренира „клубот на неговиот живот“ и дека се надева дека ќе се врати еден ден, без разлика на позицијата.

„Тие ја донесоа оваа одлука размислувајќи за клубот и фактот дека му треба промена во насоката. Јас само тоа можам да го прифатам и почитувам“, изјавил Чави.

Чави одигра 767 натпревари за Барселона во најдобриот период на клубот заедно со Лионел Меси и Андреас Иниеста. Тој меѓу другото освои осум титули во Примера и четири трофеи во Лигата на шампионите.

Според шпанскиот печат, на клупата на Барселона треба да го замени Ханс Флик.

Слични содржини