221
Лионел Меси ќе се врати во Барселона? Ова прашање го поставуваат милиони фанови ширум светот, а тренерот на Каталонците Чави Ернандез секако сака повторно да го види својот поранешен соиграч на „Камп Ноу“.
Медиумите во каталонската престолнина тврдат дека Чави разговарал со претседателот на клубот Жоан Лапорта и побарал од него да направи се за да го врати Меси по истекот на неговиот договор со Пари Сен Жермен. Тој смета дека ваквиот потег ќе и помогне на Барса и спортски и финансиски.
Договорот на Аргентинецот е до летото 2023 година, а вклучува и опција за продолжување на уште 12 месеци.
И самиот Лапорта во своето интервју призна дека сака да го врати Меси во Барселона.