Чави попушта, три услови и останува?!

од Vladimir Zorba
198 прегледи

Иако кон крајот на јануари најави дека заминува на крајот на сезоната, Чави Ернандез би можел да се предомисли, бидејќи во него веруваат целото раководство и соблекувалната.

Новинарот Фернандо Поло денеска открива дека Чави навестил дека можеби ќе се премисли, но само под одредени услови.

Имено, Чави сака Барселона да биде конкурентна со најсилните тимови во Европа, има јасна визија за тоа како треба да изгледа тимот и одамна му го претставил својот проект на Жоан Лапорта, но тогаш клубот немал финансиска поддршка.

Чави повторно подвлече дека сака елитен заден играч за врска како Кимих или Зубименди, како и дека конечно сака да го добие Бернардо Силва во средниот ред.

Дополнително, Чави инсистира клубот да не ги продава своите најдобри играчи и недопирливите да останат основа на тимот во следните неколку години. Се шпекулира дека Чави мисли дека тоа се Роналд Араухо, Гави, Педри, Пау Кубарси, Ламин Џамал, Френки де Јонг.

Како што сега стојат работите, Барселона би морала да продаде барем еден играч, пред се Рафиња и Де Јонг, можеби Кристенсен и Кунде, од кои само еден може да си замине.

Секако, останувањето на Кансело е задолжителno, а не е невозможно Жоао Феликс да ја продолжи позајмицата или наместо тоа Ансу Фати да замине во Мадрид.

Ќе биде уште едно бурно лето во Каталонија, а доколку тимот продолжи да прави чуда во Лигата на шампионите, да заработува пари, Чави навистина би можел да се предомисли…

Слични содржини