Чави потврди, Барса го „подари“ Пјаниќ

од Nikola Popovski
248 прегледи

Миралем Пјаниќ и официјално ќе ја напушти Барселона во следните неколку часа.

Тренерот Чави Ернандез ја потврди оваа вест денеска на прес-конференција во пресрет на натпреварот со Викторија Плзен.

Пјаниќ добил профитабилна понуда од Обединетите Арапски Емирати, тригодишен договор, при што рекол дека сака да ја прифати.

Барса немаше многу избор, практично ќе го „подари“, бидејќи спогодбено ќе го раскине договорот со што Каталонците само ќе ја заработат неговата заштедена плата, која не е мала.

„Сметав на Пјаниќ, но тој реши да си замине поради поголема минутажа. Секој си го избира својот пат, Пјаниќ го избра својот. Можам само да му се заблагодарам за се, бидејќи беше голем професионалец“, изјави Чави.

Единствено добро во целата приказна е што со заминувањето на Пјаниќ, Барса конечно ќе има финансиски простор и официјално да го обнови договорот на Гави.

Со заминувањето на Пјаниќ, Барса и Гави би можеле и официјално да ја продолжат соработката сѐ до 2027 година.

Слични содржини