Легендата на Барселона, Чави Ернандез пристигна во клубот и официјално ќе биде промовиран во понеделник.
Она за што се зборуваше претходните недели сега се оствари, откако Ернандез успеа да го напушти Ал Сад и да се врати во Каталонија.
Барселона го отпушти Роналд Куман поради лоши резултати, клубот е во големи долгови, па не чуди што сега сите надежи се полагаат во Чави.
Тој во понеделникот веќе беше фотографиран на стадионот „Камп Ноу“, а клубот објави и видео од неговото враќање во клубот каде ја помина целата своја играчка кариера.
📢📢📢 Xavi is in the building#BentornatXavi pic.twitter.com/9xADdwTgt6
— FC Barcelona (@FCBarcelona) November 8, 2021
Чави ќе разговара со медиумите во понеделник по промоцијата, а Барселона за две години договори пет милиони евра обештетување за Ал Сад.
Ернандез ќе има време малку да го подготви тимот како што тие би сакале, бидејќи следува репрезентативна пауза и првиот меч на клупата го чека дури на 20 ноември.
Чави ја напушти Барселона во 2015 година за Ал Сад и таму помина уште четири години како играч. Потоа беше тренер две сезони, до сега.
За Барселона играше од 1998 до 2015 година и во тој период учествуваше во сите нејзини титули.