Чави Симонс: За Холандија ситуацијата е се или ништо

од Vladimir Zorba
17 прегледи

Младиот интернационалец на Холандија, Чави Симонс ја сподели возбудата што е дел од „портокаловите“ на ЕП 2024. Денеска селекцијата на Роналд Куман излегува против Романија во осминафиналето. Пред тоа „лалињата“ останаа трети во својата група, но сепак се пласираа во елиминациската фаза.

„Како би се опишал себеси како фудбалер беше првото прашање до Симонс?

„Со три збора: страст, посветеност и креативност“, одговори техничарот, кој е во сопственост на Пари Сен Жермен.

„Крвта ми врие секогаш кога сум на стадион. Јас сум опседнат со растење и остварување на моите цели секој ден. Сега е се или ништо. Натпреварот со Австрија не разбуди“, изјави поранешниот игра на Барселона.

Слични содржини