Фудбалскиот клуб Барселона е блиску до официјализирање на првите засилувања за сезоната 2022/23.
Жерар Ромеро во вторникот потврди дека Андреас Кристенсен ќе биде првото засилување на Барса за следната сезона. На Данецот му истекува договорот со Челси, тој доаѓа без обештетување, а Барса во изминатите 48 часа ја зголеми понудата и му понуди договор на пет, наместо на четири години.
Баерн Минхен се обидува да го земе, но Кристенсен е воодушевен од идејата на Чави со него во тимот. Чави смета дека Данецот е модерен, квалитетен и интелигентен стопер кој одлично ќе се вклопи во неговиот систем, заедно со Араухо, Пике и Ерик Гарсија.
„Мундо Депортиво“ денеска потврди дека Франк Кеси и Нусаир Мазрауи исто така се блиску до потпис за Барса. Кеси е се поблиску до потпис, бидејќи ги одби сите други понуди, имаше неколку од Премиер лигата, но и од Интер. Барса му понудила плата од 6,5 милиони годишно, а Кеси е подготвен да ја прифати.
Чави дури и лично го поканил Кеси да го претстави својот план, тој ќе донесе „мускули“ во средниот ред и тој е тип на играч што му недостига на силниот среден ред на Барса.
Мазрауи има понуда од Милан и Борусија Дортмунд, но Барса е во пол-позиција. И тој е слободен, а клучен е неговиот агент Мино Рајола, кој е во одлични односи со Лапорта. Мароканецот повеќе би сакал да оди во Барса, а тоа го кажал и на Рајола кој преговара веќе неколку недели.
Така, Кристенсен, Кеси и Мазрауи, сите без отштета, се уште го чекаат одговорот на Цезар Аспиликуета, кој треба да го комплетира квартетот „слободни“ кои треба да „слетаат“ во Барселона за сезоната 2022/23.