Чави за Халанд: Немаше шанси да се бориме за него

од Vladimir Zorba

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, призна дека немало шанси напаѓачот Ерлинг Халанд, кој реши да се пресели во Манчестер Сити, да пристигне на „Камп Ноу“.

„Му посакувам се најдобро. Сепак не можевме да се избориме за него. Финансиски ни беше невозможно. Кога зборуваме за такви суми и плати не можеме економски да се справиме. Ова е резултатот. Повторно му посакувам се најдобро“, прокоментира Чави.

Халанд ќе замине на „Етихад“ за 75 милиони евра, а самиот ќе зема 585.000 евра (500.000 фунти) неделно.

Слични содржини