Старо-новиот министер за внатрешни работи, Митко Чавков експресно, по елиминацијата на Оливер Спасовски, ги враќа работите по старо, односно на принципот МВРО-ВМРО, за кој слушнавме од „бомбите“.
![mitko-cavkov-11-670x400[1]](http://libertas.mk/wp-content/uploads/2016/04/mitko-cavkov-11-670x4001-670x400.jpg)
Според порталот Либертас, Чавков веќе го сменил Примислав Димовски од командант на Алфите и на позицијата го вратил Ивица Анчевски – Пуки.
Се работи за еден од 56-те помилувани од страна на претседателот Иванов, кој, колку што е познато, нема побарано повлекување на аболицијата.
Пуки е еден од осомничените во случајот „Тортура“ на Специјалното јавно обвинителство, случај за апсењето на Љубе Бошкоски.
![ljube_apsenje_0[1]](http://libertas.mk/wp-content/uploads/2016/04/ljube_apsenje_01.jpg)
СЈО покрена истрага против Сашо Мијалков како нарачател, против Пуки, од позициајата командант на Алфите и уште 6 лица кои го апселе Љубе Бошкоски на 6.6.2011 година. За нив не беше побаран притвор, туку само мерка на обезбедување и забрана за вршење на овластувања за полицајците кои и натаму работат во МВР.
Сега, освен што тој е помилуван, се враќа на старото работно место, да ја води специјалната полицискa единицa Алфа./извор Либертас