Отако вчера беше постигнат договор меѓу партиите за нови министри за внатрешни работи и труд и социјала, а беа избрани генсекот на СДСМ Оливер Спасовски и професорката Фросина Ременски, досегашните министри Чавко и Спасов ќе станат заменици министри.
Замениците ќе имаат право да ставаат вето на одлуките на министрите, за прашања поврзани со изборниот процес. Последна инстанца која ќе одлучува за законитоста на одлуките на министерот ќе биде Државната изборна комисија.
Од предложените заменици министри на СДСМ , заменик министер за финансии ќе биде Кире Наумов, за земјоделство Љупчо Николовски, а за информатичко општество и адиминистрација – Александар Кирацовски.
