Чавков закажа прес за приведувањата на професорите од Економскиот факултет

од Vladimir Zorba
123 прегледи

Министерот за внатрешни работи м-р Митко Чавков  денеска во 13.00 ќе одржи прес конференција во врска со вчерашната акција, во која специјалната полицијанавлезе во кампусот на универзитетот Св „Кирил и Методиј“, претресуваше и апсеше професори од Економскиот факлулетет

02072013185043_uapsen

Петмина од осуммина осомничени во случајот “Еразмус” на Економскиот факултет на УКИМ вчера  се приведени од полицијата. Станува збор за професорите Б.Ш. , Д.Ј. и С.Р.

Покрај нив приведен е и асистентот Д.Д. како и сопственикот на бифето во Економскиот факултет Д.Т.  Уште три лица се повикани сами да се јават на распит во полициска станица.

Сите се сомничат за примање, давање поткуп, противправно посредување, злоупотреба на службена положба и овластувања, и други коруптивни дела.

Слични содржини