190
Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска повторно се закани дека Турција ќе преземе мерки против Грција доколку таа земја продолжи да ги вооружува островите во Егејското Море, кои треба да останат демилитаризирани во согласност со меѓународните договори.
Говорејќи на заедничката прес-конференција со неговиот романски колега, Чавушоглу рече дека континуираното кршење на договорот ќе ја принуди Турција да ги брани своите права.
Чавушоглу истакна дека Грција треба да престане да го прекршува меѓународниот договор за демилитаризација на островите во Егејското Море или, во спротивно, Турција ќе мора да преземе мерки во овој поглед.